Известување
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои го положиле стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурување/ осигурително брокерски работи – теоретски дел одржан на ден 26.5.2015 година, дека стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурување/ осигурително брокерски работи – практичен дел ќе се одржи на ден 23.6.2015 (вторник) година од 10:00 до 12:00 часот.
Седница одржана на 27.05.2015
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД, Скопје на лицето Орхан Хасан,
- Решение за издавање согласност за вршење функција член на Управен одбор на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје на лицето Арбен Брешани,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Одборот на директори во Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје, на лицето Јанко Георгиев Николов,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Одборот на директори во Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје, на лицето Ралица Руменова Губерова,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
К О Н К У Р С
за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2015 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.
Седница одржана на 08.05.2015
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурителното брокерско друштво ИН – БРОКЕР АД Скопје,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот, Скопје,
Седница одржана на 30.04.2015
- Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД Скопје,
- Информација за одржан 11 состанок на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција,
- Информација за реализирани активности на финансиска едукација и заштита на потрошувачи,
Седница одржана на 21.04.2015
- Решение за давање согласност за вршење работи на застапување во осигурување од страна на банка;
Известување
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите пријавени кандидати за обука за застапници во осигурување односно осигурителни брокери, дека обуката ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет.
Распоредот за обуката за застапници во осигурување можете да ја симнете тука.
Распоредот за осигурителни брокери можете да ја симнете тука.
Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука за вршење работи на застапување во осигурување и обука за вршење осигурително брокерски работи.
Обуката за вршење работи на застапување во осигурување во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 23, 24 и 25 Април 2015 година а обуката за вршење осигурително брокерски работи во времетраење од 5 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 23, 24, 25, 27 и 29 Април 2015 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките.
Во рок од најмалку 15 дена од денот на завршување на обуките, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи. Точниот термин за полагање на стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно стручниот испит за вршење осигурително брокерски работи ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување најмалку во рок од 3 дена пред одржување на стручниот испит.
- Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи..
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за брокер
Седница одржана на 31.03.2015
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје;