Објавен е правилник за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви
Правилникот за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви кој ги содржи најновите изменини дополненија можете да го превземете тука
Правилникот за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви кој ги содржи најновите изменини дополненија можете да го превземете тука
Во среда, 29 септември 2010 година (во 11:00 часот) специјалниот претставник на Европската Унија и шефот на Делегацијата Амбасадорот Ерван Фуере ја посети Агенцијата за супервизија на осигурување.
Посетата од страна на Амбасадорот е со цел поблиско запознавање со активностите што Агенцијата ги презема во рамки на техничката помош обезбедена од европските фондови согласно ИПА Програмата.Тековно Агенцијата е корисник на овие фондови и како резултат на тоа ќе реализира бројни активности кои ќе резултираат со носење на акти, правилници и упатства од областа на осигурувањето и супервизијата.
Ова е прва посета на Амбасадорот во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување. Во рамки на посетата Амбасадорот имаше можност да се запознае со активностите на Агенцијата како и непосредно да се сретне со вработените и да ги разгледа новите простории на Агенцијата.
Потоа, Амбасадорот и Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата г. Климе Попоски дадоа изјави за работењето на регулаторното тело, неговите надлежности на пазарот на осигурување како и предизвиците.
На ден 22 септември, 2010 година, во Виена, во седиштето на Регулаторното тело за финансиски пазар на Австрија, Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија ја продлабочи соработката со Австрискиот регулатор, со потпишување на Меморандум за соработка.
Овој Меморандум отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства, организирање на заеднички контроли и зајакнување на капацитетите.
Од исклучителна важност претставува потпишувањето на Меморандумот, пред се заради присуството на австриските реномирани компании на Македонскиот осигурителен пазар од кои две се активни во доменот на неживотното осигурување и една компанија е активна во доменот на осигурувањето на живот.
Почитувани,
Оваа прилика ја користиме да Ве известиме дека Агенцијата за супервизија на осигурување на својата веб страна ја објави предлог содржината на Правилникот за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви. Истиот можете да го превземете тука.
Коментарите и забелешките во однос на содржината на Правилникот, Ве молиме да ги доставите најкасно до 27 септември, 2010 година на следните е-маил адреси:ratka.celakovski@aso.mk , slagana.miljkovik@aso.mk , zvonko.jovanovski@aso.mk иivana.todorov@aso.mk .
Исто така, би сакале да Ве информираме дека Агенцијата по обезбедувањето и разгледувањето на коментарите доставени од Ваша страна, ќе организира работна средба.
Средбата ке се оддржи во просториите на Агенцијата, на 30 септември, 2010 година во 10ч. За таа цел, Ве молиме да потврдите присуство на двајца претставници (овластениот актуар и уште едно одговорно лице) од Вашето друштво.
Остануваме со желба за понатамошна успешна соработка.
Почитувани,
Оваа прилика ја користиме да Ве известиме дека Агенцијата за супервизија на осигурување ја објави предлог содржината на Контниот план за друштвата за осигурување и реосигурување заедно со Упатството. Истата можете да ја превземете тука.
Коментарите и забелешките испратете ги на следните е-маил адреси: darko.dedik@aso.mk , ratka.celakovski@aso.mk и biljana.janevska-nedelkovska@aso.mk најкасно до 6 септември, 2010 година.
Исто така, би сакале да Ве информираме дека Агенцијата по обезбедувањето и разгледувањето на коментарите доставени од Ваша страна, ќе организира работна средба. Средбата ке се оддржи во просториите на Агенцијата, на 15 септември, 2010 година во 10ч. Заради тоа, Ве молиме да номинирате еден претставник од Вашето друштво за осигурување.
Со желба за понатамошна успешна соработка.
Во периодот од 31 мај до 1 јуни, Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата во придружба на извршните членови беа во посета на Комисијата за финасиски пазар во Бугарија. Целта на оваа посета беше воспоставување и зајакнување на соработката меѓу двете регулаторни тела. Во насока на ова беше потпишан и Меморандум за соработка.
Меморандумот за соработка го потпишаа г. Климе Попоски, претседател на Советот и г. Петар Чобанов, претседател на Бугарското регулаторно тело.
Се очекува преку размена на информации и податоци значително да се придонесе за понатамошен развој на осигурувањето и поголема транспарентност на субјектите како на домашниот така и на странските пазари како и поголема ефикасност на супервизорската функција.
Во периодот од 29 април до 1 маj, во Охрид беше одржана 11-та конференција на Македонската берза. На овој настан присуствуваа голем број учесници, професионалци и експерти од финансиската индустрија од земјата и странство, при што преку дебатирање и панел дискусии се разменуваа мислења и се споделуваа искуства. Оваа Конференција беше исклучителна можност да се запознаат најновите трендови и мислења поврзани со финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност.
Низ организирани дебати се направи обид да се препознаат Македонските економски предизвици, Меѓународните и регионалните економски предизвици, да се дефинира местото и перспективите на друштвата за осигурување чија улога е од исклучителна важност за понатамошен развој на финансиките пазари.
На оваа Конференција учество зеде и Агенцијата за супервизија на осигурување како независен регулаторен орган надлежен за пазарот на осигурување во Република Македонија. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, г. Климе Попоски заедно со претставници од друштвата за осигурување, дадоа свој придонес во панелот посветен на осигурителниот бизнис и импликациите на македонскиот пазар на капитал.
Агенцијата за супервизија на осигурување на 29.04.2010 (четврток) беше домаќин на Австриското регулаторно тело за финансиски пазар претставувано од страна на г. Питер Браумулер како директор на секторот за осигурителна и пензиска супервизија, а воедно и претседавач на Извршниот Комитет на Меѓународната Асоцијација на Осигурителни Супервизори (ИАИС).
По повод гостувањето на г. Браумулер, Агенцијата организираше дебата на тема “Развојот на осигурувањето во глобални рамки”, која се одржа во Дипломатик салата на Скопскиот Саем.
„Агенцијата за супервизија на осигурување ќе настојува многу почесто да се одржуваат форуми од ваков тип, на коишто отворено ќе се дискутира за проблемите и начинот како да се подобри ефикасноста на пазарот на осигурување, затоа што ова е еден од начините да се подобри корпоративното управување кај субјектите и да се зголеми транспарентноста во работењето. Овие настани исто така се од исклучително значење за иницирање и развој на билатерална и мултулатерална меѓународна соработка “- нагласи г. Климе Попоски во својата изјава за медиумите.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, г. Климе Попоски имаше воведно обраќање со кое го означи почетокот на дебатата, а исто така одржа и презентација за состојбата на осигурителниот пазар во Р. Македонија во која ги изнесе основните економски индикатори за работењето на друштвата за осигурување во земјата за изминатата 2009 година.

Господинот Браумулер во својата презентација зборуваше за глобалните и европски достигнувања на осигурителниот пазар новите предизвици на регулаторните органи и воведувањето на нова надзорна архитектура (Солвентност 2), со осврт на карактеристиките на Австрискиот финансиски пазарен орган (ФМА), како и за идните предизвици на австрискиот пазар.
По презентацијата следеа прашања до г. Браумулер и г. Попоски кои ја отворија дебатата.
На 21 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурвање на Црна Гора. Овој документ е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката на двата регулаторни органи во областа на супервизија на осигурување. Меморандумот за соработка го потпишаа г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата од Македонија и г. Владимир Каварич, претседател на Советот на Агенцијата од Црна Гора.
Се очекува преку размена на информации и податоци значително да се придонесе за понатамошен развој на осигурувањето, поголема транспарентност како на домашниот така и на странските пазари и ќе се придонесе кон поголема ефикасност на супервизорската функција.
На 19 април 2009 година, беше организирана церемонијална средба во просториите на Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA), со цел потпишување на меморандум за соработка меѓу AFSA и Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија (ISA).
Меморандумот за соработка е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката меѓу двете регулаторни тела со цел да се обезбеди поголема заштита на интересите на осигурениците и корисниците на осигурувањето, зајакнување на интегритетот, стабилноста и ефикасноста на осигурителната индустрија, и обезбедување соработка која ќе придонесе зголемување на меѓусебното разбирање и размена на информации.
Г-ѓа Елисабета Гјони, претседател на AFSA, во нејзината презентација, го истакна значењето на меморандумот за соработка во врска со супервизорските активности како алатка во олеснувањето и ефективноста на активностите. Исто така, и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на АСО, истакна дека потписувањето на Меморандумот е од исклучителна важност за двете институции особено поради фактот што во Македонија има друштва за осигурување кои се основани со албански капитал.
На церемонијата беа присутни претставници на двете регулаторни тела, висок претставник од Амбасадата на Република Македонија во Тирана, г. Шенол Деваја и претставници на друштвата за осигурување со седиште во Македонија.