(ВО ЖИВО) Линк од полагање за застапници во осигурување на 7 и 8 февруари, 2022 година
Почитувани, со клик на линкот https://www.youtube.
Почитувани, со клик на линкот https://www.youtube.
Ова е највисока поединечна исплатена штета во сите 18 класи на неживотно осигурување за првите девет месеци годинава. Осигуреник е правно лице, а штетата е исплатена во третиот квартал годинава. Во најголемите пет исплатени штети се уште следниве: за осигурување одговорност од воздухоплов се исплатени 232.000 евра, за автомобилска одговорност 173.00 евра, за осигурување од финансиска загуба 141.000 евра и за штета осигурана со зелена карта се исплатени 100.000 евра
Највисоката исплатена штета покриена со осигурување, во првите девет месеци годинава, изнесува 18,9 милиони денари (308.000 евра). Станува збор за осигуран имот на правно лице. Во овој период кај најголемата доброволна осигурителна класа – осигурување имот се исплатени штети во вкупна вредност од 469,6 милиони денари (7,6 мил.евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизја на осигурување (АСО).

Втората највредна исплатена штета е за одговорност од осигуран воздухоплов. За настаната штета од тоа осигурување се исплатени 14,3 милиони денари (232.000 евра).
Во петте најголеми исплатени штети по една е за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, за зелена карта и за осигурување од финансиски загуби.
По основ на задолжителна автомобилска одговорност осигурителна компанија, во овој период, исплатила 10,7 милиони денари (173.000 евра). За покривање финансиски загуби осигуреник од осигурително друштво наплатил 8,65 милиони денари (141.000 евра). За штета покриена со зелена карта осигурителна компанија на осигуреник исплатила 6,2 милиони денари (100.000 евра).
Во првите девет месеци најголемата штета исплатена за осигурани стоки во превоз (карго) изнесува 4,9 милиони денари (80.000 евра). Кај каско осигурување моторни возила по една штета биле исплатени 2,75 милиони денари (45.000 евра). Кај осигуран имот на физичко лице најголемиот износ за штета што го исплатила компанија за осигурување изнесува 2,9 милиони денари (48.000 евра).
Во доброволната класа со најмногу активни договори – осигурување од незгода во првите девет месеци највисоката исплатена штета изнесува 3,6 милиони денари (58.000 евра). Кај приватното здравствено осигурување најголемата исплатена штета за овој период изнесува 615.000 денари (10.000 евра), а кај патничкото осигурување 1,4 милиони денари (23.000 евра).
Осигуреници наплатија вкупно 2,89 милијарди денари (47 мил.евра) штети од осигурителните компании за неживотно осигурување во првите девет месеци годинава. Вкупниот износ на исплатените штети за овој период е за 422 милиони денари (6,9 мил.евра) или 17 отсто повисок во однос на истиот период лани. Вкупно 11 компании за неживотно осигурување во овој период исплатиле 55.008 штети што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Најголемо учество во вкупното животно осигурување има осигурувањето живот со штедна компонента кое нуди покритие на ризик од смрт, а на истек на договорот осигуреникот си ги враќа вложените пари како да ги штедел. Во овој продукт осигуреници вложиле 13,6 милиони евра за првите девет месеци годинава. Петте компании за осигурување живот, во првите девет месеци годинава, исплатија 590.000 евра обештетување на блиски лица и роднини за смртни случаи кои имале „ризико“ животно осигурување
Вложувањата во животно осигурување достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 мил.евра) и во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани. Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Во периодот јануари – септември петте компании за животно осигурување склучиле над 39.000 договори за осигурување.
Во износот на вкупни вложувања во животно осигурување најголемо е учеството на осигурување живот во кое е вклучена и штедната компонента. Овој осигурителен продукт со полисата за осигурување живот нуди можност вложените средства за осигурување да се штедат и по истек на рокот на полисата да му бидат исплатени на осигуреникот. Во осигурување живот со штедна компонента во првите девет месеци годинава се вложени 838 милиони денари (13,6 мил.евра).
Во класичното животно осигурување кое покрива ризик смрт, во овој период, се вложени 237 милиони денари (3,9 мил.евра). Овој продукт, популарно познат како „ризико осигурување“, нуди финансиски надомест за членови на семејство или блиски лица во случај осигуреникот да почине, но нема штедна компонента. Тоа значи дека вложените средства не се враќаат на осигуреникот на истек на договорот за осигурување.
„Јунит линкд“ осигурувањето е најновата класа на нашиот осигурителен пазар за животно осигурување. Кај ова осигурување вложените средства не се штедат туку се вложуваат во удели на инвестициски фондови кои купуваат акции и други хартии од вредност кои се тргуваат на светските берзи. Кај оваа класа осигурување ризикот од вложување го носи осигуреникот. Затоа и нема гарантирана осигурена сума која се исплаќа кога завршува периодот на осигурување. Тоа значи дека кога истекува рокот на договорот осигуреникот добива колку што во тој момент вредат уделите на инвестицискиот фонд во кој се вложени парите. Во првите девет месеци во овој осигурителен производ се вложени 250 милиони денари (4,1 мил.евра). Забележлив е тренд на раст на ова осигурување во вкупното животно осигурување.
За првите девет месеци петте осигурителни компании по сите основи исплатиле штети во вкупна вредност од 400 милиони денари (6,5 мил.евра). Од тоа при смртни случаи на осигуреници на нивни блиски лица и членови на семејства покриени со „ризико осигурување“ се исплатени 36,3 милиони денари (590.000 евра). Кај осигурувањата со штедна компонента се исплатени 345 милиони денари (5,6 мил.евра) на осигуреници на кои: им истекол договорот, го прекинале осигурувањето или биле обештетни блиски лица на осигуреници кои починале. Кај „јунит линкд“ осигурувањето за овој период се исплатени 17,2 милиони денари (280.000 евра) штети. Во тој износ откупот (предвреме прекинати договори на барање на осигуреници) учествува со 12,6 мил.денари (205.000 евра).
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Продажбата на полиси за осигурување имот достигна 30 милиони евра. Во приватно здравствено осигурување се вложени 4,9 милиони евра. Осигурувањето од општа одговорност порасна за 27 отсто, а вложувањата во осигурување од финансиски загуби надмина еден милион евра што е 10 отсто повеќе од лани. Осигурениците за девет месеци склучија 1,13 милиони договори за неживото осигурување или 277.000 повеќе од лани
Граѓани, фирми и институции вложија 7,5 милијарди денари (122 милиони евра) во неживотни осигурувања во првите девет месеци годинава. Продажбата (бруто полисирана премија – БПП) на осигурителни услуги во овој период порасна за 18 отсто (19 мил.евра) во споредба со истиот период во 2020 година. Бројот на склучени договори за осигурување во овој период е зголемен за 32 отсто и надмина 1,13 милиони, покажуваат официјалните податоци Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Значајно зголемен интерес има кај осигурувањето имот, патничкото осигурување, приватното здравствено осигурување, осигурувањето од финансиски загуби, осигурување од општа одговорност и кај задолжителното автомобилска осигурување. Податоците покажуваат дека продажбата на осигурителни продукти од палетата на 18 класи неживотно осигурувања во целост го надмина шокот што лани го предизвика здравствената пандемија на вирусот COVID -19. Резултатот за првите девет месеци годинава е подобар за 12 отсто и во споредба со продажбата на полиси во истиот период 2019 година.
Солиден раст на продажбата има во најголемата доброволна класа – осигурувањето имот. Бројот на склучени договори за осигурување имот надмина 107.000, а нивната вредност надмина 1,85 милијарди денари (30 милиони евра). Тоа е за 22 отсто (5,4 мил.евра) поголема продажба од истиот период лани.
Најбрзо растечки осигурителен производ и годинава останува приватното здравствено осигурување. Десет осигурителни компании од продажба на вакви полиси инкасирале 35 отсто повеќе од истиот период лани. Продажбата достигна 300 милиони денари (4,9 мил.евра). Бројот на договори за приватно здравствено осигурување порасна за 42 отсто, а склучени се над 12.800 договори.
Вложувањата во полиси кои осигуруваат од општа одговорност пораснале за 27 отсто и за првите девет месеци од нив компаниите наплатиле 200,5 милиони денари (3,26 мил.евра). Склучени се 39.000 договори за осигурување што е за 15 отсто подобро од лани.
Осигурувањето од финансиски загуби, иако мала класа во структурата на доброволни осигурувања, годинава книжи раст од 10 отсто на вредноста на продадени полиси која надмина 1 милион евра.
Очекувано, поради олабавување на рестриктивните здравствени мерки, годинава има голем раст на продажба на патничко осигурување. Осигурителните компании за неживот продале 216.000 полиси за патничко осигурување, двојно повеќе од истиот период 2020 година . Од тоа инкасирале 118 милиони денари (1,9 мил.евра) или 92 отсто повеќе од лани.
Задолжителната автомобилска одговорност и понатаму останува класа со најголемо учество во вкупната продажба. За првите девет месеци се склучени 490.000 договори за осигурување, а нивната вредност е 3,68 милијарди денари (59,9 мил.евра). Продажбата на овие полиси е зголемена за 20 отсто во однос на 2020 година.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување, објавено на ден 10.12.2021 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 15.12.2021 година (12.00 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит за застапник во осигурување.
Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување кои ќе бидат доставени по објвавување на ова Соопштение, нема да бидат земени во предвид.
Скопје, 15.12.2021 година
Осигурителните компании за неживот во првите девет месеци исплатија над 55.000 штети што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на исплатите од 90 отсто има кај приватното здравствено осигурување, а кај осигурувањето имот вредноста на исплатените штети е 7,6 милиони евра или 22,6 отсто повеќе од лани.
Осигуреници наплатија 2,89 милијарди денари (47 мил.евра) штети од осигурителните компании за неживотно осигурување во првите девет месеци годинава. Вкупниот износ на исплатените штети за овој период е за 422 милиони денари (6,9 мил.евра) или 17 отсто повисок во однос на истиот период лани. Вкупно 11 компании за неживотно осигурување во овој период исплатиле 55.008 штети што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Од штети на осигурен имот (најголема доброволна осигурителна класа) за овој период осигурениците наплатиле вкупно 469,6 милиони денари (7,6 мил.евра). Тоа е 22,6 отсто повеќе од истиот период минатата година. Оваа осигурителна класа во овој период има поголем релативен (процентуален) раст на исплати во споредба со задолжителното осигурување од автомобилска одговорност.
Горенаведените индикатори се уште една потврда за финансиското здравје на осигурителните компании, а неговото одржување е основната и најважната задача на АСО.
Физички лица од штети на осигурен имот во овој период наплатиле 198,4 милиони денари (3,23 мил.евра) што е за 11 отсто повеќе од лани. Правните лица, пред се компании, за штети на имотот од осигурителите наплатиле 271,2 милиони денари (4,4 мил.евра) или 33 отсто повеќе од истиот период во 2020 година.
Кај најбрзорастечката класа – приватното здравствено осигурување, компаниите за осигурување исплатиле 90 отсто повеќе средства во споредба со првите девет месеци лани. Осигурениците од нивните полиси за приватно здравствено осигурување наплатиле 143,6 милиони денари (2,33 мил.евра).
За осигурување од незгода (најбројна осигурителна класа со над половина милион склучени договори) до крај на септември осигуреници од пријавените штети наплатиле 333,2 милиони денари (5,4 мил.евра) односно 18 отсто повеќе пари од лани.
Од штети врз каско осигурани моторни возила во овој период осигурениците наплатиле 366,2 милиони денари (5,95 мил.евра) што е на исто ниво како и претходната година.
Кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност компаниите на осигуреници исплатиле 1,26 милијарди денари (20,54 мил.евра) заклучно со крајот на септември годинава. Тоа е за 19 отсто повеќе односно 203 милиони денари (3,3 мил.евра) повеќе од истиот период лани.
По основ на штети покриени со зелен картон осигурителните компании за првите девет месеци исплатиле 215 милиони денари (3,5 мил.евра) што е за 2 отсто помалку од истиот период лани.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.