Седница одржана на 7.4.2022
- Записникот од седма седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 22.3.2022 година во 12:00;
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година,
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје за 2022 година,
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје,
- Решение за издавање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво М БРОКЕР АД Скопје,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Амдија Тофилоски,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Мердија Имери,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Стефан Петејчук,
- Решение за продолжување на стручниот испит за брокер на лицето Даниела Карастојанова,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на САВА осигурување а.д., Скопје.
Голема меѓународна конференција на актуелни теми од осигурувањето
Актуарски предизвици во претстојната либерализацијата на задолжителното автомобилско осигурување и нивниот придонес во финансиска инклузија се главните теми на големата меѓународна конференција која на едно место собра повеќе од стотина актуари и стручњаци од земјава, регионот и светот.

Станува збор за дводневната „2022 CEE & SEE Regional Actuarial Insurance Conference, First Congress Actuaires du Monde“ која денеска и утре се одржува во Скопје во организација на непрофитната меѓународна организација „Актуари на светот“ во која како ко-организатори учествуваат Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и македонското актуарско здружение „Актуар“.

На отварањето на конференцијата денеска пред присутните претставници на македонската осигурителна индустрија, високи претставници на финансиските регулатори и стручњаци од странство и од регионот се обратија Фатмир Бесими, министерот за финансии и Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО.

Бесими пред присутните истакна дека особено значајно ќе биде да се соочат ризиците и придобивките од либерализацијата на осигурувањето од автоодговорност со цел да се избере најдобриот пат за постигнување на оваа цел, која истовремено подразбира и усогласување на нашата земја со прописите и праксата на ЕУ.

– На оваа конференција се разговара за навистина актуелна тема на која ќе бидат разменети искуства на претставници од стручната фела, а Министерството за финансии е секогаш подготвено да ги слушне експертите и нивните искуства и да ги согледа ефектите што ќе ја има либерализацијата за оваа класа на осигурување, која учествува со 41 % во вкупната бруто полисирана премија, рече министерот Бесими.
Во своето обраќање Шајноски говореше за значењето на актуарската професија за осигурителната индустрија и за активностите кои АСО ги превзема за зголемување на институционалниот капацитет на осигурителните компании преку актуелната обука за актуари. Осврнувајќи се на значењето на претстојниот процес за либерализација на осигурувањето од автомобилска одговорност Шајноски потенцираше:
– Либерализацијата за АСО ќе донесе повеќе обврски во однос на континуираното следење на финансиското здравје и капиталните можности на компаниите за осигурување. Важно е како краен резултат на овој исклучително важен процес, во координација во Министерството за финансии и Владата, да го дадеме правото на избор на осигурениците, а притоа и понатаму да имаме финансиски здрави осигурителни компании и задоволни корисници.
Таргет групата на посетители на конференцијата не се само актуарите, туку и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство. Затоа што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.
Актуари на Светот е непрофитна организација регистрирана во Франција во ноември 2020 година со мисија да овозможува привремена и доброволна помош на земјите во развој на кои им се потребни ресурси во областа на актуарството и управувањето со ризици.
Македонското Актуарско Здружение „Актуар” е стручна организација чија намера е да ги унапредува актуарските дисциплини, нивната практична примена и стручното усовршување и образование на актуарите.
Повеќе информации за конференцијата на следниот линк https://bit.ly/3DjiXWw
Финансиските регулатори потпишаа Меморандум за соработка во финтек-областа: Градиме систем за поддршка на развојот на финтек-секторот
На иницијатива на Народната банка, а заради создавање услови за поддршка на развојот на финтек-секторот, финансиските регулатори ‒ Народната банка (НБ), Министерството за финансии (МФ), Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), склучија Меморандум за соработка. Со Меморандумот се поставува систем преку кој регулаторите координирано ќе дејствуваат, секој во својата надлежност, во однос на спроведувањето на националната Стратегија за финтек-секторот чијашто прва верзија е веќе подготвена од Народната банка.

Меморандумот беше потпишан денеска од страна на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на КХВ, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски.
Со Меморандумот се предвидува формирање Комитет за поддршка на развојот на иновациите во финансискиот систем во Република Северна Македонија (Комитет за финтек-секторот), чии членови ќе бидат гувернерката, министерот за финансии и претседателите на КХВ, МАПАС и АСО. Со Комитетот ќе претседава гувернерот или министерот за финансии, а претседателството ќе ротира еднаш годишно. Покрај Комитетот за финтек-секторот, ќе се формираат и други оперативни тела коишто ќе работат на осмислување и спроведување на стратегиските активности за создавање приемчива финтек-околина. Предвидено е формирање и Поткомитет со по два члена од секој од финансиските регулатори, работни групи, како и Секретаријат.

Преку поставување висококоординиран институционален систем за финализирање и спроведување на првата национална финтек-стратегија, се очекува дека ќе се постигне синергија во вкупните резултати на ова поле. Првата национална финтек-стратегија би била готова оваа година и со неа би се дефинирале решенијата и политиките со кои ќе се поддржи развојот на иновативните технолошки решенија во финансискиот систем. Развојот на финтек-секторот е од големо значење за јакнењето на економијата на една земја, пред сѐ поради неговиот потенцијал за зголемување на финансиската инклузија. За граѓаните, развојот на финтек-секторот значи повеќе можности и поевтини финансиски услуги.
АСО: Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен 2,5 пати
Една од најособените, од вкупно 206, претставки што ги доби АСО е таа во која на осигуреник не му беше продолжено осигурувањето поради тоа што во меѓувреме му бил дијагностициран рак. АСО ги соочи двете осигурителни компании (од кои едната го предава, а другата го превзема осигуреникот) и ги разгледа условите и аргументите на трите страни. Случајот беше решен позитивно. При што двете компании се усогласија, а осигуреникот доби полиса за животно осигурување која го обезбедува кредитот

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) доби 206 претставки од незадоволни осигуреници за работата на осигурителни компании и други учесници на пазарот во 2021 година. Бројот на претставки од осигуреници лани е зголемен за 2,4 пати во споредба со 2020 година, покажуваат официјалните податоци на АСО.
Во овој период АСО, врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници, на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби.
Осигуреници минатата година поднеле претставки за 18 учесници на осигурителниот пазар, а кај 16 од нив бројот на поднесени жалби е поголем во споредба во 2020 година.
АСО реши 42 претставки во корист на осигурениците во 2021 година. Во однос на претходната година бројот на претставки решени во корист на осигуреници е поголем за 2,5 пати. Од сите поднесени претставки за 22 е утврдено дека се поднесени без основ, 12 се повлечени од подносителите, а 13 се во процес на постапување. Во корист на учесниците на осигурителниот пазар (компании, осигурителни брокери и други) се решени 65 претставки.
Најчесто, поточно во 79 случаи, осигурениците се жалеле на основот на кој се исплатуваат штети кои биле покриени со договори за осигурување. За висината на износот што осигурителните компании го понудиле за исплата на штета се пожалиле 52 осигуреници. Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите. За роковите за обработка на штети се поднесени 16 претставки, а за рокот на исплата на штетата се жалеле 8 осигуреници. По други основи се поднесени уште 25 претставки.
Во 161 случај подносители на претставки се физички лица, а 39 претставки поднеле правни лица.
Најголем број претставки – 91 се поднесени за осигурани случаи од класата автоодговорност. За осигурување од незгода се поднесени 31 претставка, а за класата имот 21. За животно осигурување се поднесени 15 претставки, за приватно здравствено осигурување се поднесени 6 претставки. За другите осигурителни класи се поднесени 14 претставки.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 22.03.2022
- Записникот од шеста седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 10.3.2022 година во 12:30;
- Одлука за Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со записник за прекршочен налог,
- Барање за продолжување на полагање на стручен испит за застапник во осигурување за лицето Филип Костадиновски и донесување на Решение за продолжување на стручен испит,
- Барање за продолжување на полагање на стручен испит за застапник во осигурување за лицето Глигор Јовески и донесување на Решение за продолжување на стручен испит,
- Барање за продолжување на полагање на стручен испит за застапник во осигурување за лицето Јелисавета Георгиева Јовеска и донесување на Решение за продолжување на стручен испит,
- Одлучување по известување за раскинување на договор за застапување во осигурување со лицето Дарко Костески и донесување на Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување,
- Одлучување по известување за раскинување на договор за застапување во осигурување со лицето Милена Величковиќ и донесување на Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување,,
- Барање за добивање согласност за член на орган на управување на ТРИГЛАВ осигурување за лицето Војдан Јорданов и донесување на Решение за давање на согласност,
- Извештај од спроведениот испит по предемтот Актуарска математика 1 – едукатор Тихана Радишиќ.