Седница одржана на 11.08.2014
- Решение за издавање согласност за измена на Статутот на Националното биро за осигурување,
- Решение за издавање согласност за измена на Статутот на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје,
Во периодот од 2 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето. На настаните присуствуваа вкупно 81 претставници и учесници од регулаторни тела и претставници од медиумите од Македонија.
Во рамките на горенаведениот период се одржаа следниве настани:
Целта на Иницијативата за супервизија на осигурување на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) е размена на искуства во делот на спроведување на супервизија на друштвата за осигурување како и хармонизирање на законската и подзаконската регулатива во областа на осигурувањето. Состаноците на иницијативата се одржуваат на највисоко ниво, 2 пати во текот на годината, и оваа година првиот состанок се одржа во организација на АСО.
На состанокот беа присутни вкупно 52 учесници- претставници од регулаторните тела од земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, како и еминентни професори од областа на осигурувањето и управувањето со ризици.
Дискутираните теми на состанокот ги опфаќаа следниве области:
Супервизорскиот форум претставува тело во кое членуваат високи претставници на супервизорски тела на 20 земји од светот чија што цел е воспоставување на глобални стандарди за ефикасно спроведување на супервизија. Ваквите состаноци се одржуваат неколку пати годишно, а на состанокот кој се одржа во Охрид беа присутни 9 претставници од земјите членки на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS).
За прв пат во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, по иницијатива на АСО, се организираше Актуарска конференција со еминентни предавачи во состав на академски професори, претставници од Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Регулаторот за осигурување на ЕУ (EIOPA).
Актуарите имаат важна улога во спроведувањето на супервизијата во однос на прашањето за финансиската стабилност и солвентност на друштвата за осигурување, па затоа треба да им се оддаде посебно внимание во областа на осигурувањето. Конференцијата имаше за цел да ги собере актуарите и супервизорите од регулаторните тела во регионот со цел да се обезбеди размена на искуства и понатамошно промовирање на актуарската професија.
Заинтересираноста за актуарската конференција беше значителна и на неа присуствуваа 51 учесник од различни професии од областа на осигурувањето, меѓу кои најголемиот дел беа актуари.
На Актуарската конференција беа обработени следниве теми:
• Актуарите и корпоративното управување
• Влијанието на актуарската работа на супервизијата на осигурителните работи
• Развој на актуарската професија во земјите во развој
|
г-ѓа Гордана Летица- Член на одборот на супервизорското тело за финансиски пазари на Хрватска (HANFA) |
|
|
г. Вок Жан Квон – Факултет за управување со ризици, St.John University, New York
|
Работилницата имаше за цел да ги запознае претставниците на медиумите со најзначајните теми и предизвици во областа на осигурувањето во земјата и беше посетена од 13 претставници од медиумите од Р. Македонија.
На оваа работилница беа обработени следниве теми:
Овие исклучителни настани беа организирани во соработка со Централната банка на Унгарија (Central Bank of Hungary- MNB), Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Регулаторот за осигурување на ЕУ (EIOPA).
Преку организирањето на вакви настани се поттикнува соработката меѓу регулаторните органи и се придонесува за понатамошен развој и унапредување на функцијата на супервизорските тела.
Известување за полагање на поправен испит
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани кандидати дека поправниот испит за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи на ден 30.06.2014 година, во 15:00 часот, во просториите на Европски Универзитет.
Пријавите за поправен испит освен по пошта може да се достават и по електронски пат, на адреса armin.ukikj@aso.mk , најдоцна до 27.06.2014 година.
Кандидатите кои ќе го полагаат испитот, потребно е да бидат во просториите на Европски Универзитет најдоцна до 14:45 часот.